Собрание: Утре треба да се гласаат законите за финансиска помош за плати

На собранискиот дневен ред, утре се законите согласно кои државата ќе може да им исплати финансиска помош за плата на работодавачите и на самостојните вршители на дејност кои имаат намалени приходи.

Помошта е предвидена во четвртиот пакет мерки, а сметководителите минатата недела на прес конференција изразија нездоволство од доцнењето на законите, затоа што како што кажаа, тие веќе треба да прават пресметки за плати, а нема изгласано законско решение.

Со Предлог-законот за финансиска помош на работодавачите, тие може да добијат помош за платите на работниците, за месеците октомври, ноемри и декември, ако имаат намалувања на месечниот просек од вкупните приходи остварени во периодот од април годинава заклучно со октомври, односно ноември, или декември, во однос на истиот период лани.

Притоа, за намалување на приходите од 30 до 45 отсто, помошта по работник е 14.500 денари,  за намален приход од 40,01 до 50 проценти поддршката е до 15.955 денари, за намалување од 60,01 до 70 отсто помошта е 18.856 денари, од 70,01 до 80 проценти – 20.320 денари и за намален приход од над 80 отсто, износот на финансиската поддршка е до 21.776 денари.

Со Предлог-законот за финансиска помош на самостојните вршители на дејност предвидена е финасиска помош од 17.410 денари за месеците октомври, ноемри и декември, а услов се намалени приходи за најмалку 30 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот