Соблекувалната на Реал Мадрид поделена, кои играчи веруваат во Зидан, а кои сакаат негова смена

epa08855573 Head coach Zinedine Zidane (R) of Real Madrid shakes hand with Martin Odegaard (C) during the UEFA Champions League group B match between Shakhtar Donetsk and Real Madrid in Kiev, Ukraine, 01 December 2020. EPA-EFE/Sergey Dolzhenko

Тренерот на Реал Мадрид е под огромен притисок поради слабите резултати, а дел од соблекувалната му го врти грбот.

Вчерашниот пораз од Шахтјор во Лигата на шампионите ги возбуди страстите во Реал Мадрид и го стави тренерот Зинедин Зидан под неверојатен притисок да ги брои деновите од отказ доколку не победи на следните неколку натпревари.

Денеска главна тема на мадридските медиуми „Марка“ и „АС“ е соблекувалната на Реал Мадрид, односно кои играчи се на страната на Зинедин Зидан, а кои се незадоволни.

Имено, Зидан ја загубил поддршката од поголемиот дел од соблекувалната, помал дел од играчите останаа на негова страна, но поголем дел се против него.

Зидан воопшто не размислува за оставка

Според медиумите, сенаторите на тимот како капитенот Серхио Рамос и Карим Бензема се најголеми поддржувачи на Зидан, а тука се и нивните луѓе од доверба како Варан, Каземиро, Валверде и Менди и неверојатно листата на поддржувачи тука завршува.

Дел од фудбалерите се рамнодушни, односно не заземаат страна како Марко Асенсио, Тони Крос и Лука Модриќ.

Против Зидан се Иско, Марсело кој го губи местото во првиот тим од Менди како и Бразилците Винисиус, Маријано и Родриго. Мартин Одегард кој летово се врати од позајмица исто така е незадоволен од малата минутажа како и Едер Милитао кој тотално е игнориран од тренерот.

Медиумите не се сигурни за Белгијците Тибо Куртоа и Еден Азар на чија страна се, но напоменуваат дека Зинедин Зидан е разочаран од Азар кој никако да влезе во форма и повеќе е на листата на повредени играчи отколку што е на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот