Собира отпад од депонии и гради роботи, овој студент од косовска Каменица ќе ве остави без зборови (ВИДЕО)

Принтскрин

Еден млад студент од косовска Каменица, собира електронски уреди од депонии и со нив прави разни роботски уреди. Тој имал само 13 години кога почна да го трансформира отпадот во електроника.

– Започнав пред точно 6 години и се занимавав со мали делчиња кои се рециклираат и отогаш правењето вакви електронски уреди многу ми се допаѓа – вели младиот Гезим Морина.

Инспирацијата ја добил од основно училиште кога се запознал со едно просто електрично коло. Тој денеска е студент по Мехатроника и успеал до сега да направи дрон, роботи, мали авиони и друга електроника. Студентот од Каменица создал и мини-летало сличен на борбениот авион Ф22 кој се користи од американската војска. Тој креирал и мини-возило кое може да се користи за видео-снимање до 500 метри далечина. Младиот Гезим Морина досега создал околу 100 елетрични уреди.

Видеото со пронајдоците на овој млад студент, кое го објави Радио Слободна Европа, можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот