Собир на македонските ракометари пред двомечот со светските шампиони

epa08962362 Kiril Lazarov of North Macedonia in action during the Main Round match between Belarus and North Macedonia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 24 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

После неодиграниот натпревар помеѓу Веспрем и Нант во ЕХФ Лигата на шампионите поради позитивен тест на ковид-19 кај еден од судиите, Кирил Лазаров се упати кон Скопје повторно на собир на македонската репрезентација.

Овојпат нашиот десен бек ќе ја има улогата како селектор на сениорите, напладне е прозивката за претстојниот двомеч со Данска во квалификациите за пласман на следното Европско првенство, а Лазаров претходно веќе го објави списокот на повикани ракометари.

Триумфиравме во првите две кола над Швајцарија и Финска, останува да се види колку „црвено-жолтите“ ќе можат да бидат рамноправни со актуелниот светски шампион.

Првиот меч ќе се игра во нашиот главен град на 11 март од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а три дена подоцна од 16.00 часот е возвратната пресметка во Алборг.

– Има многу работи за кои може да се очекува, но многу искуства за кои треба да се потсетиме. Имам глава полна со сеќавања, емоции, но и соништа и очекувања за иднината.

Во февруари бев назначен за селектор на македонската репрезентација која многу ми значи. Но, јас не пристигнав тука преку ноќ – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот