Собир на „Fridays For Future“ за солидарност со Русија

фото: Слободен печат/Драган Митрески
Скопскиот огранок на глобалното движење на Грета Тунберг за борба против климатските промени, „Fridays For Future“ утре, во петок, во 17 часот организира собир во близина на Владата по повод пожарите кои го опфатија северниот дел од Русија изминатите недели.
Со оглед на тоа што овие пожари се директен резултат на ефектите од глобалното загревање, собирот е во насока на демонстрирање солидарност со Русија, но и повторно истакнување на барањата за пожесток ангажман на нашата Влада во контекст на најголемата закана за цивилизацијата во 21-от век, соопштија од здружението „Fridays For Future“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот