Со ѕверски старт му ја скрши ногата и му ја загрози кариерата (ВИДЕО)

фото: Еспресо

Бекот на Црвена звезда, Марко Гобељиќ на реванш натпреварот од првото коло во квалификациите за ЛШ, со ретко брутален, ѕверски старт на фудбалерот на Судува, Ваидас Славицкас му ја скрши потколеницата со што му ја загрози кариерата.


Унгарскиот судија Адам Фаркаш по лизгачкиот старт на Гобељиќ со две нозе над Славицкас прво покажа само обичен прекршок иако беше видливо дека станува збор за сериозна повреда. Целиот стадион занеме, а на повторената снимка се виде дека му пукна потколеницата на играчот на Судува. Но, откако кон судијата дојдоа неколку фудбалери на Судува кои му покажаа дека нивниот соиграч е тешко повреден и бараа исклучување за бекот на Црвена звезда. Судијата откако ја погледна состојбата на Славицкас, веднаш му покажа црвен картон на Гобељиќ.

– Ова е многу тажно. Се надевам дека играчот кој го изврши овој старт ќе добие голема, подолга казна бидејќи таков старт не дозволен, а не е ниту нормален. Не можам да ви опишам колку сум лут бидејќи Славицкас по ваква повреда сигурно една или две години нема да може да игра, а голема е веројатноста дека нема да може да ја продолжи кариерата – изјави Владимир Чебурин, тренерот на Судува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот