Со ѕверски старт му ја скрши ногата и му ја загрози кариерата (ВИДЕО) - Слободен печат

Со ѕверски старт му ја скрши ногата и му ја загрози кариерата (ВИДЕО)

Бекот на Црвена звезда, Марко Гобељиќ на реванш натпреварот од првото коло во квалификациите за ЛШ, со ретко брутален, ѕверски старт на фудбалерот на Судува, Ваидас Славицкас му ја скрши потколеницата со што му ја загрози кариерата.


Унгарскиот судија Адам Фаркаш по лизгачкиот старт на Гобељиќ со две нозе над Славицкас прво покажа само обичен прекршок иако беше видливо дека станува збор за сериозна повреда. Целиот стадион занеме, а на повторената снимка се виде дека му пукна потколеницата на играчот на Судува. Но, откако кон судијата дојдоа неколку фудбалери на Судува кои му покажаа дека нивниот соиграч е тешко повреден и бараа исклучување за бекот на Црвена звезда. Судијата откако ја погледна состојбата на Славицкас, веднаш му покажа црвен картон на Гобељиќ.

Прочитајте и...  Барселона два пати била „откачена“ од таткото на Мбапе

– Ова е многу тажно. Се надевам дека играчот кој го изврши овој старт ќе добие голема, подолга казна бидејќи таков старт не дозволен, а не е ниту нормален. Не можам да ви опишам колку сум лут бидејќи Славицкас по ваква повреда сигурно една или две години нема да може да игра, а голема е веројатноста дека нема да може да ја продолжи кариерата – изјави Владимир Чебурин, тренерот на Судува.

 

Прочитај повеќе

Оптимизам на „Етихад“: Не си одат главните ѕвезди, и Гвардиола останува!

Слободен печат

Се ближи и тој ден кога Ѓоковиќ ќе го престигне Сампрас

Слободен печат

Нови државни рекорди на Македонија на „Дубочица Опен“

Слободен печат

ЛШ: Дибиров со најдобриот гол, Скубе во тимот на колото! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Тимот на Леброн“ славеше во Ол-стар мечот, Ленард МВП! (ВИДЕО)

Слободен печат

Селта му откина бод на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

пет × три =

Прочитај повеќе

Лацио е сериозен конкурент за титулата, со пресврт го совлада Интер (ВИДЕО)

Слободен печат

Хакерот поради кој е казнет Сити се наоѓа во притвор и му се заканува долга затворска казна

Слободен печат

Поради РАСИЗАМ, Марега го напушти теренот (ВИДЕО)

Слободен печат

„Четворка“ на Лазаров за нова победа на Нант

Слободен печат

Покер на „топчиите“ за прекин на серијата без победа (ВИДЕО)

Слободен печат

Како Вардар да го избегне ПСЖ во осминафиналето на ЛШ

Слободен печат