Со знамиња и цветни букети Мета со протестот сака да ја донесе црвено-црната пролет за сите Албанци

Илир Мета. / Фото: МИА

Под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единството на народот“, албанскиот претседател Илир Мета ги повикува Албанците да се обединат на плоштадот „Народни херои“ на 2 март во 17 часот.

Соопштувајќи го мотото на протестот, од кабинетот на Мета објаснуваат дека целта на овој мирен протест е да се подигне свеста на Албанците за одбрана на нивниот суверенитет.

– Целта на оваа мирна манифестација е да се подигне свеста и будењето на албанските граѓани да го заштитат и да го вратат својот суверенитет над сите институции во Републиката, права кои се загарантирани со Уставот на Република Албанија и основните принципи признати од него – стои во објавата од кабинетот на Мета.

Од граѓаните, кои се очекува да присуствуваат масовно, се бара да носат национални знамиња и цветни букети од мимози, кои, како што стои, го навестуваат доаѓањето на црвено-црната пролет за сите Албанци обединети каде и да се.

Од кабинетот испратен е допис до генералниот директор на полицијата Арди Велиу, со кој го информираат за денот, времето и местото на протестот и се бара преземање соодветни мерки за да се обезбеди јавен ред и безбедност.

Претседателот Мета овој протест го најави на 19 февруари, кога на вонредна прес-конференција ги повика граѓаните да протестираат поради, како што го нарече, „државниот удар“ кој сака да го финализира владејачкото мнозинството со преземање на контролата врз Уставниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот