Со женска рака: Поезија од Марта Маркоска

Поетесата Марта Маркоска е авторка на 12 објавени книги на македонски и други јазици.

ТИВКО

Некои луѓе за да научат да зборуваат тивко
прво мора да научат да водат љубов тивко
Кога ќе научат да се галат
ќе се милуваат и со зборови
ќе си шепотат во ушните школки
без потреба да си кажуваат големи вистини
Ќе им биде доволна топлината на здивот
и размената на влажноста на нивните тела
радоста од допирот на влакненцата на нивните кожи
и премолчено излачените соголени тајни

Лигавицата од нивната возбуденост
која ако можат да ја одржат подолго
ќе им каже дека влегле во вечноста
и повеќе ниедна земска вистина нема да им е важна.

Ех, кога само би научиле да водат љубов тивко.

(од ХЕРОЈСКА/ЕРОТСКА КНИГА)

Фотографија – Славица Секуловски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот