Со женска рака: Поезија од Катерина Гогова

Катерина Гогова е родена во 1989 година во Дојран. Авторка е на поетските книги „Актите се кастрирани“ и „Пад во немирна вода“ за која го доби признанието „Бели мугри“ за 2018 година. Нејзина поезија е застапена во списанија за литература, култура и уметност, зборници и онлајн едиции. Учествувала на повеќе поетски читања. Живее и работи во Скопје.

 

Овој свет заоѓа

На хоризонтот се ткајат

последни остатоци вечна музика,

таму, со едно затворање на очите

може да се здогледаат

прашумите низ правековите,

тенки ластари лимонова трева

шепотат како да знаат

и овој свет до кога ќе биде тука,

до кога бубалки и жерави ќе им прават друштво

во оклопните мечтаења за нови лета.

 

Пустинскиот ветар се лишува

од последните песочни дини,

така сонува само зелени заливи и баобаби.

И за неколку капки вода,

ледените карпи жртвуваат снегови,

мапите тонат во нова географија,

многу празни тела во ровката земја

и црви.

гласни предвесници,

светот сонува приказни.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот