Со заштитни маски, на растојание, пливачите конечно влегоа на базен (ВИДЕО)

При самото влегување на пливачите им се мери температура, а сите носат заштитни маски и се користи средство за дезинфекција на рацете.

По три месеци пауза, пливачкиот базен во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“, по посебни протоколи и строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19, од вчера повторно е отворен за пливачите.

– Пливачкиот базен во спортскиот центар „Борис Трајковски“ е многу значаен за градот Скопје, токму поради тоа е огромно задоволството што тој повторно е отворен – вели Симона Јовановска, раководител за управување со пливачкиот базен.

Членовите на македонските пливачки клубови, по бројни апели и барања, конечно добија можност повторно да се вратат на базен, со тоа што засега базените можат да ги користат само регистрираните пливачи, додека рекративците ќе почекаат дополнителна дозвола.

Пред самиот влез во базенот строго е утврдено почитувањето на правилото за два метри растојание, со тоа што едната група на пливачи која влегува по завршувањето со пливање излегува од трибинскиот дел, за да не дојде групирање со другата група која чека за влез.

При самото влегување на пливачите им се мери температура, а сите носат заштитни маски и се користи средство за дезинфекција на рацете.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот