Со Законот за ЈО нема амнестија, но нема веќе ни „бомби“!

Власта обезбеди двотретинско мнозинство за донесување на Законот за ЈО.

Во „Седма сила“  Законот за ЈО и постапката за негово донесување го анализираат новинарите Мира Костиќ, Катерина Синадиновска и Кристина Атовска.

Мира Костиќ верува дека Закното за ЈО ќе помине во Парламентот затоа што е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, а како што рече и во емисијата Седма сила
-може да се случи и некој пратеник и од ВМРО ДПМНЕ да се премисли и да гласа ЗА овој закон, имам индиции дека тоа може да се случи, вели Мира Костиќ.

-Кај нас клучниот проблем не е во законите и во начинот на нивното носење,па ниту во овој закон за ЈО, туку во нивната имплементација, иако можам да кажам дека текстот на овој закон има добри препораки од страна на Европската комисија и дека се работи за добар закон, вели Катерина Синадиновска.

За Кристина Атовска осумтемина независни пратеници кои го создаваат двотретинското мнозинство сепак се изборија за законско решение кое оди во прилог на нивната матична партија ВМРО ДПМНЕ, а тоа се случаите Талир 1 и Талир 2 кои се однесуваат на финасирање на партијата, а за кои „бомбите“ нема да важат како доказен материјал туку само како индиции во постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот