Со возило удрил во 12-годишно девојче на велосипед и избегал

На локалниот пат с. Пласница-Македонски Брод, кај месноста „Курикамења” се случила сообраќајна  незгода во која возач во возило со засега непознати регистарски ознаки удрил во С.Џ. (12), која управувала велосипед. Како што информираат од полицијата, возачот не застанал за да му даде прва помош на настраданото девојче, туку побегнал од местото на настанот.

На малолетната С.Џ. и е укажана помош во Медицински центар Кичево, а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот