Со воз низ „Ѓаволскиот нос“ – Ова е најопасната железничка пруга на светот (ВИДЕО)

Железничката пруга постара од еден век, изградена со примитивна технологија, го спојува главниот град на Еквадор, Квито со Гвајакил. Пругата води низ ридест терен, испресечен со речни брзаци и окружен со бујна шумска вегетација.

Најимпресивниот дел на пругата се нарекува „Naiz del Diablo” – „Ѓеволски нос”. Делот меѓу станиците Алауси и Симбамбе води низ стрмни падини на Андите, а висината на некои места достигнува и до 800 метри.

Називот потекнува од бројните смртни случаи кои се поврзуваат со ова подрачје – се смета дека тука животот го изгубиле преку 2.000 луѓе поради сеизмички активности, жолта грозница, напади од диви животни и други несреќни случаи.

Интересно е дека железничката пруга ја граделе затвореници осудени на доживотна казна – претежно Јамајчани и Порториканци, кои за успешната изградба како награда добиле помилување.

Овој дел од пругата е и најзачуван токму поради тоа што е популарен меѓу туристите, па локалните власти вложуваат најмногу пари во нејзиното одржување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот