Со војската нема шеги – Актери казнети со „макотрпна работа“ откако ја критукуваа армијата на Мјанмар

Фото: Профимедиа

Судот во Мјанмар (поранешна Бурма) во југоисточна Азија изрече високи казни-затвор и „макотрпна работа“ на членови на традиционална театарска група за нивните шеги и скечеви против војската, објави британски „Гардијан“.

Членовите на групата „Peacock Generation“ беа уапсени во април по нивниот перформанс за време на прославата на традиционалната нова година во оваа земја, во кој тие исмеваа претставници на војската во парламентот и вмешувањето на армијата во приватните бизниси. Армијата во Мјанмар е важна политичка сила, и покрај тоа што земјата има избрано влада на избори.

Членовите на групата кои комбинираат танцови и музички точки беа обвинети според законот кој забранува споделување на информации во јавноста кои ја загрозуваат или деморализираат армијата. Се претпоставува дека во затворите тие мораат да вршат тешка и макторпна работа.

Мјанмар во 2016 година првпат избра цивилна валда по пет декадно владеење на војската, кога челото на државата го презема Аунг Сан Суу Кји. Но, уставните одредби донесени за време на владеењето на армијата овозможуваат таа да има голема и важна улога во владатља, и иницијалната либерализација на рестриктивните закони не се завршени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот