Пожарите во Сибир на површина како Белгија(ВИДЕО)

Руски воен авион во еден ден исфрлил повеќе од 1.200 метрички тони вода на подрачјата зафатени од шумските пожари во Сибир, постигнувајќи напредок во гаснењето на огнот.

Руските оружени сили соопштија дека со вода од воени авиони и хеликоптери е угаснат пожар на околу 1.700 квадратни километри во областите Иркутск и Краснојарск.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела побара од воениот персонал да се вклучи во борбата против шумските пожари во Сибир и на Далечниот Исток, кои заедно зафатиле територија со големина на Белгија.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои целосно би ги изгасиле пожарите.

Руските здруженијата за заштита на животните сите сили ги вложуваат за спасување од големите пожари кои беснеат во Сибир.

Фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи се крајно вознемирувачки. Активистите обвинија дека медиумите и светот не се доволно заинтересирани за да го вклучат алармот за изумирањето на милиони животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот