Со укинување на мерките во Европа се зголемува семејното насилство

Фото: Profimedia

Со постепеното враќање во нормален живот во Европа, се забележува раст на семејното насилство према жените, пренесува агенцијата „Франс Прес“. Лицата на овие жртви деновиве се на насловните страни на медиумите.

Една од нив е Чахињез (31), Французинка со алжирско потекло, чиј сопруг ја пукал, па ја запалил жива, иако тој бил обвинет за семејно насилство пред неколку месеци.

Насилството врз жените е сериозна тема и во Шведска, каде за три недели се убиени пет жени, додека пак во Шпанија, од укинувањето на рестрикциите, статистиките велат дека убиена е една жена на секој трет ден.

Во Белгија од крајот на април се убиени 13 жени, додека цела претходна година имаше 24 такви случаи. Во Франција во 2021 година се убиени 56 жени, а ова време минатата година според податоците на невладините организации изнесуваа 46.

„Жените добиваат повеќе слобода, злосторниците се чувствуваат како да губат контрола, па реагираат со екстремно наслилство. Во случаевите кога се ублажуваат бројките на заболени од Ковид-19 и ги олабавуваме рестрикциите, гледаме како се открива уште една пандемија, онаа кај машкото насилство.“ изјави Викторија Росел, член на работничката група на шпанската влада за борбата против родовото насилство.

Откако му беше соопштен растот на бројките на ваквите случаи, шпанскиот премиер Педро Санчез повторно ја изјасни својата желба еднаш и засекогаш да стави крај на ваквото насилство, кое според него е срамно.

Во текот на последните три месеци во Шпанија, бројот на повици за брза помош пораснал за 58 % во однос на истиот период од 2019та година, а таканаречените тивки повици преку интернет пораснаа за 458 %, пренесуваат од министерството за рамноправност и еднаквост.

„Тоа покажува како жените не можат да се јават ни од своите домови“ изјави Росел.

Истото се случувало и во Италија и Германија, каде има најголем број на повици имаше во април и мај 2020та година.

За да можат да им помогнат на жените, европските земји наоѓаа различни иновативни начини со кои тие ќе бараат помош. Во Италија жените можат да се јават на полиција и да нарачаат пица маргарита, што ќе значи повик за полицијата. Во Шпанија жените можат да ги предупредат надлежните одејќи во аптека и барајќи виолетова маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот