Со турскиот моден бренд „Кигили“ кон нови успеси на македонската кошарка

Компанијата „Кигили“ важи за голем поддржувач на спортот во европски рамки/Фото: kfsm.mk

По повод остварувањето соработка и потпишувањето на договор за партнерство меѓу Македонската кошаркарска федерација и познатиот моден бренд „Кигили“, денеска беше одржана заедничка средба.

Со овој договор, компанијата „Кигили“ ќе биде партнер на КФСМ и ќе се грижи за подигнувањето на имиџот на нашата федерација во наредниот период.

Компанијата „Кигили“ важи за голем поддржувач на спортот во европски рамки, партнер на германски Волфсбург, италијанскиот кошаркарски клуб Фортитудо, Фенербахче, Црвена Звезда од Белград, како и фудбалската федерација на Македонија, а од пред еден ден и Македонскиот олимписки комитет.

– Во оваа прилика, сакам да изразам посебна благодарност до Извршниот директор, г-дин Хилал Суредем и компанијата „Кигили“, кои го пронајдоа својот интерес за заедничка, и се надевам долгогодишна соработка со нашата федерација. Практично од денеска заедно со нашиот нов партнер, да тргнеме кон уште подобри резултати, и да славиме нови успеси на македонската кошарка.

Ќе ја имаме таа чест да придонесеме за оваа компанија, која во деновите кои следуваат и во вистинска смисла на зборот, ќе се грижи за имиџот, не само на федерацијата, туку и многу други кошаркарски сегменти, да биде навистина присутна, да биде почитувана, да биде дел од нашиот успешен тим во периодот кој што следува – рече претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот