Со точак од Тетово до Дубровник

Фото: Алсат М ТВ

Тргнале за Дубровник, Хрватска, но не со моторни возила, туку со велосипеди! Јусуф Бејтулаи и Азби Адеми, ќе патуваат две недели за да стигнат до нивната дестинација, Дубровник.

-Добро или лошо, треба сила, а не посебен велосипед, само сила, желба и храброст – вели Јусуф Бејтулаи.

За да стигнат до Дубровник, Бејтулаи и Адеми ќе патуваат преку Косово и Црна Гора, а во текот на еден ден планираат да поминат од 80 до 100 километри.

-Според рутата што ја дефиниравме ќе направиме повеќе од 1000 километри, околу 1200 километри. Ќе патуваме најмалку две недели, помалку нема шанси, бидејќи од Тетово до Дубровник, најкратката веријанта е 580 километри – рече Јусуф Бејтулаи.

-Имаме резервна опрема, гуми, шатори, чадори, значи со цел да ја имаме „куќата со нас”. Имаме соларен панел за мобилни телефони, така што немаме контакт со хотели. Температурите не се пречка за нас, бидејќи секоја година патуваме на овој датум и нашето тело го бара тоа – рече Азби Адеми.

Ова не е првото патување на Бејтулаи и Адеми. Двете дестинации во изминатите години беа Саранда и Црна Гора, а следната година ветуваат дестинација дури и подалечна од Дубровник, пренесува Алсат М.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот