Со тоалетна четка му земаше изјава на турски фудбалер! (ВИДЕО)

twitter.com/snr_db

Фудбалерите на турската селкција на аеродромот во Кефлавик доживеале вистинско понижување.

Играчите Бурак Јилмаз и Емре Белезоглу се пожалија на пасошката контрола која траела дури три часа и со непрецизирани безбедносни причини.

Скандал приреди и еден исландски новинар кој при земање на изјава на Белезоглу се приближи со четка за ВЦ шолја.

– Ова е неверојатно, три часа стоев таму. Сите торби се отворија и се проверуваа неколку пати. Летавме шест и пол часа, а сега чекаме три часа. Не би сакал да кажам ништо, нека ни го објаснат сето ова. За жал, од слетувањето само ни наметнуваат непотребни контроли – беа коментарите на турските фудбалери.

После немилите настани турските власти им упатија дипломатска нота на властите од Исланд во која ги осудија за синоќешниот прием на фудбалската репрезентација на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот