Со своите гради РУШИ се пред себе! (ВИДЕО)

Фотографија: YouTube

После тоа што минатата година во Суперталент публиката ја шокираше и изненади сликарот кој црташе со половиот орган, во една од поновите епизоди на хрватскиот Суперталент, гледачите имаа прилика да запознаат жена која руши се пред себе со своите гради.

Сузан Сајкс позната под уметничкото име Busty Heart, сопственичка е на Гинисов рекорд, а суперталентите ги обиколува низ светот повеќе од 10 години. 58-годишната жителка на Масачусетс, својот талент го практикува уште од својата 23-та година, а освен тоа се обидела и да глуми. Таа се има појавено во филмови како „The Dictator“ и „Departed“, а освен во Суперталент, таа се појавила и во ријалити за естетска хирургија, „Botched“.

Сузан во текот на изминатите години се појавила во бројни Суперталент шоуа. Во 2008 година се претстави во американскиот суперталент, па потоа се појави во францускиот, грчкиот, грузискиот, германскиот… Сега можноста да ја запознаат од блиску ја имаше и хрватската публика. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот