Со свирежи и пцости дочекани Брнабиќ и Лончар во Нови Пазар, лекарите им завртеа грб (ВИДЕО)

epa08515897 Medics escort a patient suspected to be infected with the coronavirus disease (COVID-19) at the Uzice General hospital in Uzice, Serbia, 29 June 2020. Countries around the world are taking measures to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/DRAGAN KARADAREVIC

Здравствените работници од болницата во Нови Пазар се жалат дека немаат елементарни работи како топломери, апарати за притисок, како и тоа дека респираторите кои претседателот Вучиќ ги донел во овој град се неупотребливи.

Здравствените работници од болницата во Нови Пазар во знак на протест ѝ завртеа грб на премиерката Ана Брнабиќ која заедно со министерот за здравство Златибор Лончар дојдоа во посета на овој град кој се уште е жариште на коронавирусот.

Премиерка Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар, наидоа на студен пречек бидејќи Нови Пазар иако има многу нови случаи на ковид-19, се соочува со недоволна опременост и мал персонал во локалната болница.

Фото: Amela Bajrovic/RFE/IRL

Додека се обраќаше Брнабиќ можеше да се слушне довикување, пцости и свирежи како израз на незадоволство од условите во кои работат. Пред болницата граѓани им довикувале и ги прашувале зошто не им донеле опрема, со оглед на тоа што илјадници нивни сограшани се заразени, а многу и починале од коронавирусот.

Министерот Лончар на дофрлувањата возврати дека не знаат што прават и дека со префрлување на вината за проблемите нема да придонесат за решавање на ситуацијата.


Брнабиќ пак ги обвини дека се политички активнисти и им возврати со: „Не се уплашивме“.

„Не се уплашивме од овие дваесетина луѓе кои ни се закнуваат и не навредуваат. Ова е плодно тло за лажни вести и дезинформации“, рече Брнабиќ, истакнувајќи дека не е вистинита веста дека во Нови Пазар имало повеќе од 30 погреби.

Насобраните граѓани за медиумите изјавија дека се огорчени поради тоа што државата не им помогнала, и дека се премолчувала „голема епидемија“ само за да поминат изборите. Исто така тврдат дека во овој град има повеќе починати од ковид отколку што се соопштува.

Здравствените работници од болницата во Нови Пазар се жалат дека немаат елементарни работи како топломери, апарати за притисок, како и тоа дека респираторите кои претседателот Вучиќ ги донел во овој град се неупотребливи.

Од Фондацијата „Арка“ тврдат дека во болницата работат само двајца анестезиолози и дека пациентите лежат по ходници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот