Со средства од мерката Млад земјоделец се отвораат нови и осовременуваат постојните фарми

Корисникот на поддршката Александар Ефремов, вели дека поддршката преку мерката Млад земјоделец ќе овозможи зголемување и модернизација на производството.

Директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и Зоран Атанасов заедно со градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, денеска ја посетија „Фарма Ефремови“ кои се корисници на мерката Млад Земјоделец.

Оваа домашна фарма, преку програмата за Млад земјоделец, склучи договор со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за искористување на максимална поддршка до 10 илјади евра за набавка на 5 грла назимки, линија за транспорт од млин до силос и од слиос до товилиште, линија за сточна храна како и набавка на силос.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски истакна дека со средства од Програмата оваа фарма ги зголемува капацитетите.

– Оваа фарма со средства од мерката Млад земјоделец ги обезбеди основните услови за раст и развој на бизнисот кои го почнале. Радува податокот дека во оваа фарма се одгледуваат над 40 маторици, 200 прасиња за тов, и има околу 100 нови прасиња. Поддршката преку Мерката „Млад земјоделец“ е одобрена кај овие млади луѓе кои планираат да го зголемуваат домашното прозиводство на свинско месо кое се пласира во продавниците низ нашата држава. „- истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Зоран Атанасов, истакна дека фармата ги почитува стандардите за заштита од болеста „Африканска свинска чума“ и е категоризирана со низок степен на ризик,односно, спроведува висок степен на биосигурносни мерки. Атанасов, ги повика малите фарми да ги користат поволностите кои ги нуди новиот „Правилник за флексибилност “кој е во корист на малите фарми.

– Со новиот Правилник малите производители може во промет да пуштат помали количини на месо директно на пазарот . И оваа семејна фарма на која сме денеска може да ја искористи оваа можност и директно да пушти во промет месо од нивната фарма“ – истакна директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Корисникот на поддршката Александар Ефремов, вели дека поддршката преку мерката Млад земјоделец ќе овозможи зголемување и модернизација на производството.

– Со оваа финансиска поддршка ќе ми се овозможи набавка и на основна технилогија, но тоа ми е и услов за набавка на друга потребна опрема за фармата и со тоа ќе ги подигнам стандардите и ќе извршам зголемување на производството а ќе овозможам и здравствена заштита на фармата“ – истакна Александар Ефремов- корисник на поддршката Млад земјоделец.

Создавањето на нови фарми, отворање на нови претпријатија во агро – секторот, според градоначалникот Димитров, економски ја јакнат општината.

– Отворањето на нови фарми и земјоделски стопанства во нашиот регион ја зголемуваат локалната економија, отвораат нови работни места а тоа позитивно се одразува и на зголемување на бруто домашниот производ“ – истакна градоначалникот Димитров.

Од оваа година финансиската подршка за мерката „Млад земјоделец“ се зголемува од 10 на 20 илјади евра по корисник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот