Со срце за Македонија, „спартанците“ подготвени за ЕП! (ФОТО)

facebook.com/volleyballmkd/

Најдобрата македонска одбојкарска машка репрезентација откако претходните денови тренираше во Марибор, сега конечно се наоѓа и во Љубљана, односно во арената „Стожице“ каде што веќе се аклиматизираат.

Првиот дуел ќе го игра в четврток (12. септември) со почеток од 17.30 часот во рамките од групата Ц против селекцијата на Финска.

Популарните „спартанци“ се свесни дека во нив владее позитивна трема, но ќе го дадат максимумот и докажат зошто се дел од континенталниот собир.

Како што и досега најавуваа и одбојкарските стручњаци, можно е да се бориме за четвртото место кои води исто така во наредната фаза, а шансите за триумфи најверојатно ќе ги бараме против Финска и Белорусија, а не се исклучува и евентуална борба против Турците, а како фаворити во групата се одвојуваат Русите и Словенците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот