Со Советот на ЕУ од утре ќе претседава Финска

Ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската унија од утре ќе го преземе Финска.

Ова е третпат, според утврдениот распоред, Финска како земја-членка на ЕУ, да претседава со Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ е тело кое ги собира министрите на земјите – членки и се состанува според одредени области, од земјоделство до надворешни и внатрешни прашања.

Земјата членка која претседава во период од шест месеци ги одржува сите состаноци на Советот на ЕУ, освен Советот на министри за надворешни работи, со кој претседава министерот за надворешни работи на ЕУ.

Во исто време, претседавачката земја е обврзана да води работни и стручни групи, но и да соработува со Европската комисија и со Европскиот парламент во име на Европскиот совет.

Финска го презема претседателството со Советот на ЕУ од Романија, а на 1 јануари 2020 година ќе го предаде на Хрватска.

Пред да го преземе претседателството со Советот на ЕУ, Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа.

Како клучен приоритет на своето претседателствување, Финска ја наведува улогата на ЕУ во борбата против климатските промени. Програмата на финското претседавање опфаќа и зајакнување на единствен пазар, политика базирана на слободна трговија, користење на потенцијалите кои овозможуваат развој, иновации и дигитализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот