Со солзавец и пукање белоруската полиција ги растерува демонстрантите

Белоруската полиција пукаше во воздух како предупредување на протестот во Брест, изјави денеска портпаролката на Министерствто за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Таа додаде најверојатно е пукано во воздух како предупредување.

Врз демонстрантите во Брест полицијата употреби и солзавец.

Потврдуваме дека полицијата употреби солзавец за да ги спречи незаконските акции на демонстрантите. Неколку активисти се приведени поради кршење на Законот за масовни собири, посочи Чемоданова.

Додека во Минск приведени се повеќе од 10 учесници на антивладините протести.

По спорните претседателски избори одржани на 9 август, граѓаните протестираат секој ден, тврдејќи дека изборните резултати се фалсификувани и бараат оставка од Лукашенко.

Се апси и старо и младо: Во Минск приведени најмалку десет демонстранти (ФОТО+ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот