Со сокот од зелка заштитете го желудникот

Освен што ја спречува авитаминозата, ја лекува слузокожата на органите за варење, а топлата супа од зелка, го олеснува искашлувањето и ја смирува надразнетоста на хранопроводот. За слабокрвните лица се препорачува сирова зелка или варена на пареа, бидејќи содржи изобиство од неопходни минерални соли, витамини, како и хлорофил.

Во народната медицина сокот од зелка се препорачува како терапија на чир во желудникот. Овој лековит напиток би требало да се консумира меѓу оброците, а доколку предизвикува пречки при варењето, еден час после јадењето. Во тој случај, пред оброкот треба да се испие чај од камилица и ким.

За да добиете сок, исецкајте 500 гр зелка, сомелете ја, малку посолете ја и оставете ја да отстои. Потоа исцедете ја зелката преку газа, а сокот чувајте го во фрижидер.

Супата од зелка подгответе ја на следниот начин: во тенџере загрејте 3 супени лажици масло, кратко запржете 2 супени лажици брашно, па додадете исецкани листови од зелка. Помешајте и залијте со вода до саканата густина. Варете ја со додаток на ловоров лист, бибер и биозачини. Кога зелката ќе омекне, додадете чешче исецкано лукче, листови од магдонос и целер и 2 супени лажици кисела павлака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот