Со социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска денеска беше во посета на Шуто Оризари, кадешто се сретна со граѓаните и дискутирааа за актуелните реформи и случувања во областа на трудот и социјалната политика.

-Нашите граѓани веќе ги чуствуваат придобивките од социјалната реформа и земаат во просек за 300% зголемена помош. Во споредба со претходниот систем, дури 20 пати се зголемува бројот на сиромашни деца на кои им следува помош од државата. Конкретно, од почетокот на социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат детски додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија, којашто за првпат ја воведовме- истакна Царовска.

Царовска исто така информираше за предлог-законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, којшто Владата го усвои на последната седница.

-Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата неевидентирани во матична книга на родени. Овие луѓе премногу долго живееа на маргините на нашето општество. Со новиот Предлог-закон кој го утврдивме на Влада им овозможуваме право на здравствена, социјална заштита и редовен работен однос, а децата конечно ќе можат да се вклучат во образованиот процес-дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Шуто Оризари се дискутираше и за активните мерки за вработување, кои се дел од Оперативниот план, за којшто оваа година се издвоени рекордни 1,1 милијарди денари. Граѓаните ја поздравија и одлуката за покачување на пензиите, која го следи растот на платите во државата. Потпретседателката лично ги информираше за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот