Со скршен колк и негативен тест на ковид-19 пет дена ја „шетале“ по клиники

Фото: МИА

По петдневно малтретирање и стресови, семејството одлучило да ја земе пациентката и од „8 Септември“ ја однеле на операција во приватната клиника „Жан Митрев“, каде веднаш била згрижена и оперирана.

Жена на 85-годишна возраст, со скршеница на колкот и со негативен тест на коронавирус, пет дена, пет пати ја возеле на релација Клинички центар – Градската општа болница „8 Септември“, пишува порталот „Сакам Да Кажам“.

Не ја оперирале зашто имала температура нешто повискока од 37 степени Целзиусови, но без други симптоми на КОВИД-19.

По петдневно малтретирање и стресови, семејството одлучило да ја земе пациентката и од „8 Септември“ ја однеле на операција во приватната клиника „Жан Митрев“, каде веднаш била згрижена и оперирана.

Според сознанијата на порталот, на 13 мај жената, со возило на Брза помош била донесена на клиничкиот Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со повреда на лев колк со индикација за оперативен третман. Таа имала температура нешто над 37 степени Целзиусови, без други симптоми на КОВИД-19. Од таму е препратена во Градската општа болница „8 Септември“ која од 18 март е КОВИД центар. Таму е хоспитализирана како суспектна на КОВИД-19 и чекала операција.

Дека жената е непотребно тормозена поради благо покачената температура се согласуваат и лекари, кои велат дека поради повредата, болките, стресот и возраста на пациентката покачувањето во вакви случаи не е невообичаено. Особено што и надворешните температури се невообичаено високи за ова време од годината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот