Со скок од четврти кат во смрт: Обвинителството во Тирана отвори истрага по новото самоубиство во Ковид центар

Фото: albaniandailynews.com

Обвинителство во Тирана почна истрага во врска со самоубиството на двајца пациенти со фрлање од болницата „Шефќет Ндроќи” која функционира како Ковид центар, јави дописничката на МИА од Тирана.

Истрагата почна по синоќешниот инцидент, кога 65 годишен пациент со Ковид-19 се самоуби со фрлање од четвртиот кат на болницата. Првиот случај, пак, е од 13 август кога се самоуби 29 годишен пацинет од Драч, кој скокнал од третиот кат на болницата.

– Обвинителството почна истрага по обвинувањата за лекарска негрижа, за што постои запис од телефонски разговор, каде 65 годишниот пациент на свој близок му се жали за она што го видел и доживеал во болницата и дека да знаел што го чека никогаш не би дошол, пренесува агенцијата „Балкан веб“.

На роднината му кажува дека телефонот го обезбедил од друго лице на кое за тоа му платил одредена сума пари и оти има само пет минути за разговор.

„Топ чанел“ ТВ уште пренесува дека и двајцата пациенти биле во тешка психолошка состојба, што барало дополнителна грижа. Обвинителството веќе ги подигнало болничките картони на двајцата паценти и се води истрага како се третираат пацентите во оваа болница. Лекарите кои синоќа биле на должност дале изјави во полиција.

Во оваа и Инфективната клиника моментно хоспитализирани се 185 пациенти заразени со Ковид-19, при што 22 се на интензивна терапија, а осум се интубирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот