Со шест инспектори Шилегов ќе се бори против загадениот воздух

Метрополата има четири инспектори за животна средина, велат од Град Скопје за „Слободен печат“. Со новиот оглас за вработување на двајца советници – овластени инспектори, бројката на градот на луѓето кои ќе вршат проверки на животната средина треба да се искачи на шест. Една од нивните задачи е да успеат да го намалат аерозагадувањето, лоцирајќи ги загадувачите. Иако Владата излезе со став, инспектори и полицајци на терен да ги лоцираат загадувачите на воздухот, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, вели дека тоа не е во негова надлежност, но и тој ќе се грижи за животната средина. На прашањето на „Слободен печат“, зошто градот вработува инспектори за животна средина ден по владината седница, Шилегов одговори:

– Затоа што градот Скопје за жал во минатото немаше развиена човечка инфраструктура во инспекцискиот надзор. Ќе воведеме нов концепт на инспекциски надзор на територија на Скопје и ќе ги доперсонализираме тие служби, зашто борбата за здрава животна средина не смее да има компромиси. Тоа што во сорабтока со Владата го договоривме пред десетина дена е работа на Владата меѓутоа, градот како институција и јас како градоначалник, независно од договорот имам посебна грижа за животната средина. Треба да го зголемиме бројот на инспекторите – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој негира дека досега акцентот на вработувањата во градот Скопје се ставал на чуварите и на возачите, односно на кадрите кои немале општествена корист. На огласот се бараат 21 државен службеник, од нив, покрај инспектори за животна средна, се бараат и комунални инспектори, инспектори за пат и сообраќај, за даноци на имот и просветен инспектор, сообраќајни инспектори.

„Во овој оглас се предвидени 17 нови вработувања на комунални редари и иснпектори од повеќе области, а истите се во насока на зголемување на капацитетите на градскиот инспекторат во повеќе различни сегменти на неговото функционирање. Во моментов во градскиот инспекторат, во Одделението за инспекциски надзор над вршењето на работите од другите надлежности на Градот Скопје вработени се 4 инспектори за животна средина. Од аспект на комуналните инспектори, како и досега, Градот Скопје во соработка со општинските инспектори и МВР, ќе ги продолжи активностите за борбата со создавањето на нови диви депонии“, велат од Град Скопје за „Слободен печат“.

Шилегов, неколку месеци најавува дека Град Скопје ќе добие комунална полиција.

Град Скопје вработува комунални и инспектори за животна средина: Еве колкава ќе им биде платата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот