Со сертифицирани работници за новите занимања на странските пазари

Во Македонија стана правило да се рече дека нема работници. Втората дилема е дали се квалитетни. Третата неизвесност е дали нашите работици ќе можат да бидат конкурентни на европскиот пазар на работна сила. Сертифицирање на работници кои работат во градежниот сектор, а кои имаат познавање за енергетска ефикасност, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори универзитетскиот професор, Христина Спасевска.

-Следејќи ги заложбите дека треба да постигнеме норми за енергетска ефикасност се зафативме со еден голем проект финасиран од ЕК дека во Македонија ќе ги направиме видливи оние работници кои во текот на своето работење работат објекти кои се енергетски иефикасни. Сертифицирањето содржи неколку категории. Може да се направи преку обуки, преку препознавање на знаења и вештини. Реално е дека градежниот сектор се развива- изјави во Утрински брифинг, универзитетскиот професор Христина Спасевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот