Со самолепливи ленти покриено името на Бугарија, донатор на болдер ѕидот во Битола

Денеска, непознати сторители во Градскиот парк во Битола со самолепливи ленти го покриле бугарското знаме на информативната табла поставена до новиот болдер ѕид за качување со трибина. Оставено е да се гледаат само македонското и знамето на Европската унија.

Покриен е текстот на кој пишува дека е „Бугарска помош за развој на министерството за надворешни работи преку Генералното конзулство на Република Бугарија во Република Северна Македонија Битола- 2022-2023 година”. Покриено е логото на Бугарска помош за развој и знамето на Република Бугарија. Оставено е да се чита само текстот кој информира за проектот изведувачот како и знамињата на Македонија и на ЕУ.

Оваа нова содржина во Градскиот парк, на која најмногу се израдуваа најмладите битолчани, беше свечено пуштена по повод Меѓународниот ден на детето, 3 јуни, а на свеченото отворање покрај битолскиот градоначалник Тони Коњановски се обратија и  генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, претседателот на СКК “Вертикал”, како и претставникот на Мембранинг, Скопје.Болдер ѕидот за качување за деца и млади до 18 години има за цел  да ја покрене свеста за различните содржини кои  се потребни во јавните простори, освен нишалки, лизгалки и тобогани, кои се само дел од начините за забава на децата.

-Токму овој болдер-ѕид за качување ќе придонесе за афирмација на еден поинаков начин на забава, така што децата на активен начин преку игра, ќе имаат можност да стекнат спортски вештини, да го развиваат спортскиот дух. Со качување се ангажираат сите физички и ментални капацитети, а со тоа децата и младите добиваат правилен психо-физички развој, но и јакнење на нивната самодоверба, храброст и решителност-беше речено на пуштањето во употреба на болдер ѕидот во Градскиот парк во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот