Со ребаланс на буџетот до нови работни места и поддршка на претпријатијата

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Отворајќи ја расправата по ребаланс на буџетот за 2021 годиниа заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски во своето експозе пред пратениците во надлежната комисија најави дека со предложениот Ребаланс на Буџетот за 2021 година клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии и општество воопшто,

„Приоритети до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија.

Фискалната консолидација и редизајнирањето на буџетската политика во наредниот период претставуваат клучни елементи на фискалната политика за поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

Според Ковачевски планираната фискална консолидација опфаќа три главни аспекти:
• подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку мерки за намалување на сивата економија, мерки за спречување и сузбивање на корупцијата и зајакнати инспекциски контроли.
• намалување и реструктуирање на буџетските расходи, преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите, зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите;
• промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, преку рефинансирање на јавниот долг и издавање на развојна државна обврзница, како и поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, приватизација на дел од акционерските друштва во доминантна или делумна државна сопственост, како и на дел од земјиштето во државна сопственост, но и финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот