Со работилница за сценарио под водство на Дејан Дуковски почна филмскиот фестивал во Галичник

Третото издание на „Галичник филм фестивал“, кој полека го издигнува Галичник на едно повисоко културно рамниште, се одржува од 3 до 7 август во Галичник.

– Повикувајќи се на традицијата за филмски проекции во старото кино за кои неуморно ни раскажа дедо Гапе, за тоа како со магариња од Јанче се носеле филмските ленти, за тоа како кровот во старото кино татне да чуе макар уште еден галички аплауз за некој нов филм, организаторите ве канат вас драги галичани да бидете и гости и домаќини на претстојниот фестивал! – посочуваат од МЗ Галичник.

На филмската програма на фестивалот прво ќе можат да се проследат проекции на краткометражни филмови на Упија на 5, 6 и 7 август, а потоа ќе следува избрана музичка програма со концерт на Ѓорѓи Шарески и Јане Трајковски, како и диџеј-сетови на Гоце САФ и Зоки Бејбе.

Фестивалот почна на 3 август со „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски, која ќе трае до 5 август, а учество ќе земат четири филмски проекти во развој од кај нас и од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот