Со протерувањето руски дипломати од Берлин, Германија даде јасен одговор

Убиството на Зелимкан Кангошвили/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

 Пресудата што ја донесе Вишиот суд во Берлин за случајот со убиството на Зелимкан Кангошвили е доказ дека се случиле лоши работи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, оценувајќи дека Германија дала јасен одговор со протерување на двајца руски дипломати од земјата.

 

– Пресудата за убиството во берлинскиот парк е јасен показател дека се случиле лоши работи и затоа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок даде конкретен одговор на тој случај”, изјави Шолц.

Вчера Судот во Берлин осуди руски државјанин на доживотен затвор за убиството на Кангошвили од пред две и пол години.

Судот го прифати тврдењето на обвинителството дека убиството било нарачано од руски државни агенции, што Кремљ го негираше.

По пресудата, германското Министерство за надворешни работи оцени дека Берлин на убиството гледа како на „кршење на законот и суверенитетот” и протера двајца руски дипломати.

Како што објави Шпигел, повикувајќи се на свои извори, Берлин има намера да ги убеди шефовите на држави на денешниот самит на лидерите на ЕУ да усвојат заедничка изјава во која ќе се осудат руските дејствија во врска со убиството на Кангошвили.

„Шпигел” наведе дека ЕУ преку соопштение може да се закани со нови санкции, но дека тие се малку веројатни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот