Со прославата му покажа на Реал што му недостасува! (ВИДЕО)

twitter.com/SSE_NGA

Денис (21) постигна два гола во првото полувреме и му донесе предност од 2:0 на Клуб Бриж на „Сантјаго Бернабеу“ во рамките од второто коло на фудбалската Лига на шампионите.

Еден од своите голови го прослави во стилот на Кристијано Роналдо, кој се прослави играјќи токму во дресот на „кралскиот“ клуб.

– Тоа го направив, бидејќи го сакам Роналдо. Тој ми е омилен фудбалер на светот и не сум среќен што го напушти Мадрид. Така што го прославив голот на негов начин со цел да му покажам на Реал дека нешто му недостасува – рече Денис.

На тој натпревар фудбалерите на Зинедин Зидан успеаја да се вратат и избегнат нов срам пред своите навивачи (2:2).

На табелата во групата „А“ шест бодови има ПСЖ, второпласиран е Клуб Бриж, а по еден Галатасарај и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот