Со право го носи прекарот „Queen Bee“ – Бијонсе се впушти во пчеларството и има околу 80.000 пчели

Instagram
Фото: Инстаграм

Познатата пејачка Бијонсе, која фановите ја нарекуваат „Queen Bee” или „кралица на пчелите“ откри дека во слободно време навистина се занимава со пчеларство, односно со производство на мед за лични потреби.

Пејачката Бијонсе, која во својата кошничка од фанови е позната под надимакот „Queen Bee“ (кралица на пчелите) откри дека на својот имот има две големи кошници во кои има околу 80 илјади пчели. Од нив пејачката за свои потреби произведува стотина теглички мед годишно.

Пејачката истакна дека започнала да се занимава со пчеларство поради своите ќерки, Блу Ајви и Руми, на кои медот им помага да ги надминат здравствените проблеми.

Фото: Инстаграм

– Знам дека звучи малку „random“ но имам две кошници. И тоа вистински. Веќе некое време ги имам на имотот. Имам околу 80 000 пчели и од нив добиваме околу стотина теглички мед годишно. Започнав да се занимавам со пчеларство бидејќи моите две ќерки, Блу Ајви и Руми, имаат страшни алергии, а медот има неброени лековити својства, изјави пејачката.

Пчеларството не е единствен деловен потфат на оваа голема ѕвезда. Таа има целосна сопственост над својата музика, филмовите и модниот бренд „Ivy Park“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот