3.9 C
Скопје

Со позитивен корона тест, но лесни симптоми и Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата објави вечерва дека и тој е позитивен на корона.

– Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација, објави Забрчанец кој и пред неколку месеци се тестираше, но тогаш не заболи од ковид-19.

Тој упати и порака до граѓаните да водат максимална грижа за себе.

-Вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте. Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме. Стоп КОВИД-19!, порача тој.

Прочитајте и...  Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, 19 лица починаа

Вечерва со слична објави преку Фејсбук се појави и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, а пред два дека е заболен од ковид-19 потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Позитивна на корона и пратеничката Славјанка Петровска

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО: На Италијанците не им е дозволено да ги преминат границите за Божиќ

Слободен печат

Најпродаваната книга во Италија содржи само празни страници

Слободен печат

ВИДЕО кое ги мобилизираше добрите луѓе: Учениците Мите и Катерина од село Стрновац ќе добијат компјутери за настава

Слободен печат

„Коха“: МСП на Косово ги снабдува амбасадите со знамиња на ОВК

Слободен печат

Португалија ги олеснува мерките за Божиќ, но не и за Нова Година

Слободен печат

ВИДЕО: Филипче убедува дека изборите во Штип ќе бидат целосно безбедни по здравјето на граѓаните

Слободен печат

Остави Коментар