Со посредство на САД, Израел и ОАЕ постигнаа историски мировен договор

epa08601265 Surrounded by leaders of Israel and UAE US President Donald J. Trump announces a peace agreement to Establish Diplomatic ties, with Israel and the UAE, in Washington, DC , USA, 13 August 2020. EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Договорот предвидува, исто така, давање на муслиманите поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за летови од Абу Даби кон Тел Авив.

Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска постигнаа историски мировен договор, што ќе доведе до целосно нормализирање на односите меѓу двете земји од Блискиот исток, а договорот е склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според договорот, Израел вети дека ќе го запре суверенитетот врз областите на Западниот Брег што се предмет на анексија, изјавија официјални лица на Белата куќа. Тоа е прв договор од таков вид од оној меѓу Израел и Јордан, потпишан во 1994 година.

Во преговорите учествуваа зетот на Трамп и постар советник Џаред Кушнер, американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман и претставникот за Блискиот исток Ави Берковиќ, како и државниот секретар на САД, Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

„Овој историски дипломатски чекор напред ќе придонесе за мирот на Блискиот исток и е сведоштво за дипломатијата и визијата на тројцата лидери и храброста на Обединетите Арапски Емирати и Израел да започнат нов пат што ќе ја отвори вратата за големиот потенцијал на регионот”, се вели во соопштението на Белата куќа.

Договорот предвидува, исто така, давање на муслиманите поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за летови од Абу Даби кон Тел Авив, но исто така, Обединетите Арапски Емирати и Израел ќе ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развојот на вакцина против новата коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот