Со помош на овој трик, собните растенија секогаш ќе имаат доволно вода: Никогаш полесно, а цвеќињата ќе дишат

Фото: Unsplash

Прочитајте што треба да направите за вашите цвеќиња да имаат вода колку што е потребно во секое време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D. A. (@dayreeann)

Собните растенија го разубавуваат просторот и ја внесуваат природата во вашиот дом, но си бараат соодветна грижа и време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by najah aniese bradley (@najahbradley)


Цветовите треба да се наводнуваат редовно, но не премногу. Сепак, многу луѓе прават грешки при наводнувањето на собните цвеќиња и од страв растението да не се исуши, тие додаваат премногу вода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by shanaya’s Garden (@shanayasgarden)

Како резултат на тоа, лисјата започнуваат да ја менуваат бојата, паѓаат, па дури може да дојде и до појава на габи во земјата, а сето тоа е погубно за вашето растение.

Но, со помош на еден едноставен трик, можете да го спречите претераното наводнување на вашите собни зелени убавици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna (@flower_banter_merchant)

За да можат растенијата да добијат доволно вода, потребна ви е коцка мраз. Едноставно ставете ја коцката мраз врз земјата на цвеќето и оставете полека да си се топи на собна температура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plant Enthusiast (@plntproblem)


На тој начин, растението постепено ќе внесува вода, така што нема да имате грижи дали земјата во саксијата е премногу сува или влажна.

Во зависност од големината на растението е и количината на коцки мраз која ќе ја користите.

Ако е помала саксија ставете една до две коцки мраз, а кај поголемите зголемете го бројот на коцки мраз се додека земјата убаво и постепено не се навлажни.

Овој трик не е соодветен за нежните собни растенија. Ледените коцки може да им приредат студен шок, но кај растенијата со подебели корени може слободно да го користите овој трик. Соодветен е само за собни растенија. Растенијата кои се наоѓаат на вашата тераса или двор продолжете да ги наводнувате на класичен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот