Со полициска интервенција од бугарскиот Парламент изнесени пратеници на „Преродба”

фото МИА

Пратениците од бугарската партија Преродба кои ја напуштаа зградата на Народното собрание, и која се смета за проруската партија во Бугарија , на влезот ги пречека група демонстранти кои се обидоа да се судрат со нив. Полицијата мораше да ги изнесе од зградата на бугарскиот парламент по завршувањето на работниот ден, јави дописникот на МИА од Софија. Обезбедени од тесен кордон, пратениците од Преродба беа упатени кон централната улица, а демонстрантите трчаа по нив. Засилено е и полициското присуство во реонот на патријаршиската катедрала Свети Александар Невски и Универзитетот во Софија. Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ” Тошко Јорданов со пластични шишиња беше мета на демонстрантите за поддршка на сменетиот претседател на Народното собрание Никола Минчев, откако тој се обиде да оди до нив. Униформирана полиција брзо да го однесе до зградата на Народното собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот