Со почитување на пропишаниот протокол започна уписот на првачињата (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска според пропишаниот протокол за заштита од Ковид-19, започна уписот на првачињата во основните училишта во земјава.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во повеќе образовни установи ширум Скопје се почитуваат дадените мерки од Владата и уписот засега се одвива без проблеми.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Учениците се поделени во групи, со тоа што се примаат од 7 до 10 деца дневно на секој половина час.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Градоначалникот на Општина Карпош Стеган Богоев на својот Фејсбук профил сподели фотографии и дел од атмосферата за тоа како минува уписот на првачињата и во оваа општина, а според прикажаното се гледа дека се почитуваат мерките и уписот се одвива непречено.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот