Со почитување на мерките за заштита, „Комити“ ќе грмат пред стадион!

Навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар го најавува враќањето, но не на трибините поради пандемијата на коронавирусот.

И натаму останува прашањето не само за навивачите кај нас, туку и пошироко, кога повторно ќе ја даваат поддршката внатре во стадионите.

До тој момент, додека не се стабилизира моменталната ситуација со Ковид-19, навивачите ќе се обидуваат на секако начин да ги бодрат своите клубови.

Така, верните „Комити“ пред Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе грмат давајќи им поддршка на играчите на Вардар во првиот натпревар од новата сезона во шампионатот против Борец в сабота (8. август, 17.30 часот).

После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два фронта. Лошата ситуација во Ф.К. Вардар и играњето на натпреварите без публика. Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комитска пред градскиот стадион.
16:30 Пред влезот на западната трибина!
– Нагласуваме со почитување на мерките за заштита и задолжително носење МАСКИ! – информираат „Комити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот