Со пиштол во раката украл 10 денари од жена

Илустрација/Архива на Слободен печат

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 36 години, за кривично дело разбојништво.

Обвинетиот на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него им се заканил на двете вработени, барајќи да му ги дадат парите од дневниот промет.

„Едната оштетена избегала, успеала да влезе во сендвичарницата и да се заклучи од внатре. Обвинетиот ја фатил за рака другата оштетена која останала надвор, и го вперил пиштолот во главата, ја турнал и и се заканувал дека ќе ја убие доколку не му даде пари. Потоа почнал да ја претресува по џебовите, од каде нашол и одзел само 10 денари. Се обидел да влезе во сендвичарницата, но не успеал да ја отвори вратата, па испукал еден проектил од пиштолот во земја и се дал во бегство во правец кон Бит Пазар, но во близина на трговскиот центар „Мавровка“ тој бил уапсен“ извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот