Со пари го поправаат имиџот: Формула 1 доаѓа во Саудиска Арабија

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Кралството наскоро ќе стане организатор на најбрзиот спорт на четири тркала.

Саудиска Арабија својот нарушен имиџ по убиството на новинарот Џамал Кашоги во својот конзулат во Истанбул, одлучи сликата да ја поправа со фрлање огромна сума на пари за спортски настани.

Во последните неколку месеци Саудиска Арабија организираше неколку спортски спектакли меѓу кои најпознати беа бокс мечот помеѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, како и завршниот турнир на шпанскиот Суперкуп.

Сега на ред дојде и најбрзиот спорт на четири тркала, Формула 1. Преговорите помеѓу Саудиска Арабија и групата задолжена за организација на трките во Формула 1 се во поодмината фаза и според планот, првата трка би се одржала во Саудиска Арабија.

Потенцијалниот домаќин на трките планира патеката да ја изгради во близина на градот Џеда, а лиценцата за одржување на трките ќе ги чини 50 милиони долари годишно.

Сите трошоци за изградба на патеката, но и за организацијата на трката во иднина  ќе ги сноси државната нафтена компанија Арамко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот