Со одобрение од ЕМА: Нови фабрики за анти-ковид вакцини во Холандија, во Германија и во Швајцарија

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри нови фабрики за производство на вакцини против ковид-19 во Холандија, во Германија и во Швајцарија, со цел да се унапредат вкупните производствени капацитети и да се забрза имунизацијата во Европа.

Во Лејден, Холандија ќе се отвори нов погон за производтво на вакцината „АстраЗенека“, Германија во Марбург ќе ја произведува вакцината на „Фајзер“, додека во Виспа, Швајцарија – „Модерна“.

Европската Унија ја обвинува компанијата „АстраЗенека“ за успорување на имунизацијата поради доцнење на испораката на вакцини во договорениот рок. Додека „Фајзер“ најави зголемување на доставите на вакцини во вториот квартл од годината.

Неименуван претставник на ЕУ изјави дека брзото одобрување за отворање на нови фабрики на трите фармацевтски компании ќе придонесат за поголема испорака на вакцини до крајот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот