Со одлука на Кризниот штаб: Србија се затвора од вечерва во 21 часот до 6 часот наутро во понеделник

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српската влада, на предлог на кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од ковид-19, усвои нови мерки за сузбивање на пандемијата кои се однесуваат на претстојниот викенд.

Учениците во поголемите одделенија во основните училишта од понеделник преминуваат на онлајн настава, модел што продолжува за сите ученици во средните училишта. Вакцината ќе се одвива без прекин.

Од вечерва во 21 часот до понеделникот во 6 часот наутро ќе бидат затворени сите угостителски објекти (кафулиња, ресторани), продавниците, освен оние за прехранбени продукти, козметичките и фризерските салони, салоните за убавина, обложувалниците, казината, детските игротеки, теретаните и спортските објекти.

Во деновите од викендот ќе работат аптеките, ординациите, лабораториите, стоматолошките и ветеринарни ординации, трговските објекти во кои се врши продажба на прехранбени продукти, киосци, трафики и бензински пумпи.

Работа ќе биде дозволена и во објекти што даваат услуги кои не бараат долготрајно присуство на корисниците и во објекти во кои контактите имаат кратко траење, како чевлари, стаклоресци, кројачи.

Дозволена е работа и на ресторани и барови во рамки на хотелски и други категоризирани сместувања, меѓутоа исклучиво за гости со пријавен престој.

За време на викендот ќе биде дозволена и работа на спортски објекти за подготовка и одржување на регистрирани натпреварувања во рамки на националните спортски федерации.

Од Влада на Србија нагласија дека шалтерската продажба на храна во рестораните и шалтерската продажба на кафе и пијалоци во локали на шеталиштата нема да биде дозволена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот