Со одлука на Башар ал Асад: Фајсал Мекдад е нов шеф на сириската дипломатија

Фото: EPA-EFE/YOUSSEF BADAWI

Сирискиот претседател Башар ал-Асад го назначи поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Фајсал Мекдад за нов шеф на дипломатијата по минатонеделната смрт на Валид ал-Моалам. 

Американските медиуми пренесуваат дека, како и неговиот претходник, и Мекдад (66) е дипломат од кариера, кој е многу близок на претседателот Асад, и кој остро ја критикуваше опозицијата за време на, речиси, десетгодишната војна во Сирија.

Тој ја претставуваше Сирија на конференциите ширум светот откако стана заменик министер за надворешни работи во 2006 година.

Асад, исто така, го назначи амбасадорот на Сирија во ОН, Башар ал-Џaфари, за нов заменик во Министерството за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот