Со одговорот им ги ЗАТВОРИЛ УСТИТЕ: Две девојки чекале кафе ПОЛОВИНА ЧАС, па му се истуриле на келнерот

Profimedia

Во едно црногорско кафуле се случила интересна сцена.

Две девојки седеле во кафулето чекајќи келнерот да им донесе кафе скоро половина час. Поради долгото чекање станале видно нервозни.

Кога конечно се појавил, една од нив, прилично налутена му рекла: „Мислам, стварно, чекаме пола саат за едно кафе“.

Но, Црногорецот подготвен им одговорил: „Па и јас те чекав тебе 10 месеци да дојдеш да го испиеш“.

Момче од соседната маса сцената ја опишало на Твитер,  а многумина го пофалиле одговорот на келнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот